ПРИЛОЗИ 2 (ПРОДОЛЖЕНИЕ)
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ (ПРОДОЛЖЕНИЕ) 3.Прилози за место и насока. Овие прилози о определуваат глаголот по место и насока. Најчесто користени прилози за место и насока се: alt, arka, aşağı, beri, dışarı, geri, içeri, ileri, öte, sağ, sol, üst, yukarı, и др. Примери: Bu düşünceler, hepsi hakikatte bu çocukların yaptığından ileri gitmiyor muydu? Her adımda gıcırdayan basamaklardan yukarı çıkıyorum. Birdenbire aklına gelen delice bir düşünceye kapılarak ters yüzüne geri döndü.
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ Овие прилози најчесто не се користат во својата основна форма, туку се дел од сложени форми. Именките кои ги добиваат падежните наставки DAT, LOC и ABL (/-А/, /-DA/, /-DAn/), најчесто во реченицата стануваат прилози за место и насока: Hatunları işe karıştırdı. Sadece toplantı bitene kadar dışarıda bekledim. Malkoçoğlu bu evden, hele bu şehirden çıkamazdı.
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ Некои сложени форми во реченицата може да се користат како прилози за место и насока. Формите „/-А/ doğru“ и „/-A/ kadar“ (беа дадени и под прилози за време), во зависност од синтаксичкиот контекст, може да имаат функција и на прилози за место и насока: Hızla kapıya doğru koşturuyorum. Jill kapıdan yatağa kadar saçılmış ayakkabılara, çoraplara, gömleklere ve kot pantolonlara baktı.
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ Прилозите за место и насока во реченицата се наоѓаат со поставување на прашањата „nereye?“, „nerede?“ или „nereden?“ на глаголот.
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ 4.Прилози за количество. Овие прилози го определуваат глаголот по некое количество: az, aşırı, çok, daha çok, en çok, fazla, и др. Примери: Beni, daha çok sevmeliydin. Askerlikteki oğlunu çok özlemişti. Ama Alice'in şu sessizliğinin ne anlama geldiğini bilemiyordu, belki de gerçek, Alice'e fazla gelmişti. Прилозите за количество се наоѓаат со поставување на прашањето „ne kadar?“ на глаголот.
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ 5.Прашални прилози. Овие прилози ги определуваат глаголите преку прашална форма. Најчести прашални прилози се: nasıl, ne biçim, ne denli, ne kadar, ne zamana kadar, neden, nereye kadar, niçin, и др. Примери: Çocuğu nasıl göremedin? Benimle ne biçim konuşuyorsun? Çarşıda ne kadar harcadın? Beni neden sevmiyorsun?
ПОДЕЛБА НА ПРИЛОЗИТЕ 6.Показен прилог. Показниот прилог е прилогот „işte“ (еве). Со покажување го определува субјектот, додатоците или глаголот. Примери: Aradığım adam işte geliyor. İşte Selma gidiyor. İşte hançer işte sen... İşte okuldan geliyor.
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ПРИЛОЗИТЕ Прилозите може да се интензивираат по значење доколку се користат интензивирани придавки или репетитивни групи. Се среќаваат и именки во интензивирана форма, кои во одреден синтаксички контекст се користат како прилози. Примери за интензивирани прилози: Еlleri kıpkırmızı olmuş. O kadar yağdı ki sırılsıklam olduk. Cemile sapsarı kesildi. Ey tanrı, beni ister kurtar, ister batır, ben dümenimi kırmadan dosdoğru gideceğim.
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ПРИЛОЗИТЕ Кога придавките кои се повторуваат се различни, тие најчесто остануваат придавки, но кога се користат две сосема исти придавки, тогаш тие, како сложени форми, стануваат прилози: Bir kenara çekilmiş, kara kara düşünüyordu. İkinci kata artık ağır ağır çıkıyordu. İkişer ikişer indi merdiven basamaklarını. Kapıdan merdivene varan arada, kaç tane taş varsa teker teker okudu. Yemek devam ettiği müddetçe herkes birbirleriyle güzel güzel konuşurdu. Gün ışımaya başlayınca, kütüğe geriye doğru arka arka giderek yaklaşacaksın...
ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ПРИЛОЗИТЕ Со оглед на фактот што прилозите секогаш доаѓаат пред глаголите, нивната позиција во реченицата може да биде иницијална или медијална. Тие не може да имаат финална синтаксичка позиција, оти во таа позиција се наоѓа глаголот кого го определуваат. Во колоквијалниот говор и во инверзивните реченици се среќаваат вакви постпозициони прилози, но тие не се правило во стандардниот јазик, оти ваквата нивна функција е, пред сé, стилистичка.
Најдете ги прилозите во долниве реченици и кажете ги нивните особини: 1.Şaşkın şaşkın çevresine baktı. 2.Bir iki saniye içinde ünlü koruyucu askerler komutanının yüzü gözü sabun köpükleriyle kapanmıştı. 3.İçerisi, ocağın dumanından sis basmış denizlere dönmüştü. 4.Meyhaneci hâlâ karşısından ayrılmamıştı. 5.Altının masanın üzerine düşmesiyle ortadan kaybolması bir oldu.
Најдете ги прилозите во долниве реченици и кажете ги нивните особини: 6.Fakat birdenbire başını onun arkasına sakladı. 7.Meyhaneden içeriye Karlo Zenon ve adamları girmişti. 8.Çevrelerine şüpheli şüpheli bakarak ilerliyorlardı. 9.Yeşil odalarda yalnız kalınır! 10.Saçlarını arkaya atarak güzel güzel gülüyor. 11.Diğer çocuklar hakkında bütün öğrendiklerini bir bir anlattı.
ЗА ДЕНЕС ТОЛКУ.