Sunuyu indir
Sunum yükleniyor. Lütfen bekleyiniz
1
ВОВЕД ВО МОРФОЛОГИЈА
2
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Јазични единици и нивниот ред: фонема глас (буква, знак) слог морфема збор зборовна група реченица текст
3
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Најнапред, да ги погледнеме следниве примери: kızım, adamlar, geldin, okuyucular, eğitimcide, hanımeli, gözlükçününkiler, Osmanlılaştıramadıklarımızdan
4
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Според тоа, морфема е најмала единица на јазикот која има семантичка или функционална интерпретација. Тие се основните “градежни” елементи на јазикот кои служат за пренесување на одредена информација, формирање нови зборови или привремени врски меѓу синтаксичките елементи.
5
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Во турската лингвистика е познато дека некои од денешните наставки потекнуваат од некои самостојни зборови во минатото. Нивниот развој може да се следи преку бројните стари текстови напишани на турски јазик. На пример: yorı- > /-yor/ (okuyor) durı- > /-Dİr/ (güzeldir) men (> ben) > /-İm/ (alacağım) sen > /-sİn/ (gelmişsin) Значи, некои зборови со тек на време добиле флексија и станале наставки.
6
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Оваа појава може да се види и денес во дијалектниот јазик. Примери од турските говори во Македонија: buka < bu kadar, şuka < şu kadar, oka < o kadar, burayden < buraya dek, şurayden <şuraya dek, orayden < oraya dek, и др. Според тоа, може да се каже дека сите денешни наставки потекнуваат од самостојни зборови во минатото, меѓутоа со сигурност не може да се донесе заклучок. И меѓу турските лигвисти владее разногласие околу ова прашање.
7
ПОИМ ЗА МОРФЕМА Од друга страна, повеќето корени во турскиот јазик денес се едносложни. Според тоа, лингвистите се резервирани за сите корени кои не се едносложни. Веројатно и повеќесложните корени во минатото биле едносложни. Оваа теорија не значи дека се поддржува и одобрува Теорија на Сонце-Јазик, според која сите јазици се произлезени од турскиот јазик.
8
ШТО Е МОРФОЛОГИЈА? Терминот „морфологија“ потекнува од грчките збори: „μορφή“ (морфи: облик, форма, изглед) + „λόγος“ (логос: причина, говор, збор). Значи, во најкратки црти, морфологија е лингвистичка дисциплина која се бави со изучување на најмалите значенски или службени делови (морфеми) на зборовите.
9
ШТО Е МОРФОЛОГИЈА? Секако дека морфологијата не е изолирана, туку, напротив, како и сите други науки и дисциплини, има допирни точки со други области, од кои црпи потребни податоци за да го разјасни сопствениот предмет на интерес. На пример: фонетика (> морфонологија, морфофонологија), синтакса (> морфосинтакса), семантика, фразеологија, прагматика, социологија, психологија, и др.
10
ВРСКАТА МЕЃУ ГЛАСОТ И ЗНАЧЕЊЕТО
Постојат многу теории за настанокот на јазиците. Во минатото, луѓето им дале значење на неартикулираните гласови кои ги ваделе. Некои гласови, пак, се создадени како имитација на гласовите во природата. Со текот на времето почнале меѓу себе да се разбираат со помош на овие гласови кои самите ги создале и гласовите со кои ги имитирале природните.
11
ВРСКАТА МЕЃУ ГЛАСОТ И ЗНАЧЕЊЕТО
Во денешниот турски јазик постојат голем број на зборови кои јасно се гледаат дека водат потекло од ономатопеи: ağla- horla- atla- zıpla- piş-, pişi, pişir- kahkaha fısılda- pırıl pırıl Може да се заклучи дека еден дел од зборовите во јазикот потекнуваат од ономатопеи.
12
МОРФОЛОШКА СТРУКТУРА НА ЗБОРОВИТЕ
Зборовите во турскиот јазик ја имаат следнава морфолошка структура: корен(+наставка1(+наставка2(+...(+наставка n)))) Корените се задолжителен дел од зборовите. Без корен нема збор. Наставките пак, најчесто се потребни, но не се и неопходни. Со други зборови, постојат зборови кои се состојат само од корен, но немаат наставка.
13
МОРФОЛОШКА СТРУКТУРА НА ЗБОРОВИТЕ
Сите наставки во турскиот јазик доаѓаат на крајот на зборот, односно сите се суфикси. Во турскиот јазик нема префикси или афикси, односно наставките не може да дојдат ниту пред, ниту внатре во коренот на зборот. Коренот е неменливиот дел на зборот.
14
МОРФОЛОШКА СТРУКТУРА НА ЗБОРОВИТЕ
За разлика од индоевропските јазици, во турскиот јазик корените и наставките секогаш се јасно поделени: insan+lar baba+mız+da+ki gel-di-m oku-yor-sun При флексија, корените не ја менуваат структурата. Во турските зборови секогаш може јасно да се види што е корен, а што наставка.
15
Обидете се да ги најдете морфемите на зборовите во долниве реченици: Bugün okula gitmedim. Küçücük bedenlerin, bir annenin ya da babanın sıcak kolları ve tatlı sesi eşliğinde uykuya teslim olmasından daha büyük huzur olamaz.
16
БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО
БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО
Benzer bir sunumlar
© 2024 SlidePlayer.biz.tr Inc.
All rights reserved.