Sunum yükleniyor. Lütfen bekleyiniz

Sunum yükleniyor. Lütfen bekleyiniz

СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ КАЈ ПРИДАВКИТЕ и ДЕСКРИПТИВНИ ПРИДАВКИ.

Benzer bir sunumlar


... konulu sunumlar: "СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ КАЈ ПРИДАВКИТЕ и ДЕСКРИПТИВНИ ПРИДАВКИ."— Sunum transkripti:

1 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ КАЈ ПРИДАВКИТЕ и ДЕСКРИПТИВНИ ПРИДАВКИ

2 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ Качествените придавки имаат особина на создавање на степени на споредување. Другите придавки немаат таква особина. Степените на споредување кај придавките се следниве: 1. Степен на еднаквост – Тоа е степен кога именката семантички се изедначува со придавката. Образување: Се образува со додавање на партикулите “gibi” или“kadar” пред придавката: gümüş gibi parlak, ipek kadar nazik, kemikler kadar çirkin, selvi gibi uzun, и др.

3 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ Примери: Ama ertesi sabah o evden her zamanki gibi mutlu bir halde ayrıldıktan sonra yeniden bir cümlenin eksik olduğu kaygısına kapıldığım söylemedi. Ünlü avukat işte o an öne doğru eğilerek ipek gibi yumuşak bir sesle… Bu kadar sert olaylar yaşamış birine kızmak değil yardım etmek gerekirdi. Keşke bu kadar güzel at, silâh kullanmasını öğreneceğine bir parça söz söylemesini öğrenmiş olsaydı.

4 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ 2.Прв степен на споредување (компаратив) – Со овој степен се врши споредување на семантичкиот маркер на именката со референцата на придавката. Образување: Се образува со додавање на наставката за ABL или формата „/-DAn/ daha” меѓу елементите што се споредуваат. Првиот, односно елементот со кој се споредува ја добива наставката /-DAn/. Значи, формата за компаративот е „/-DAn/ daha X“: ondan büyük, benden daha çalışkan, ondan daha güzel, и др. Примери: Bundan daha kolay iş mi var? Boyundan büyük işlere kalkıştı. Murat’tan daha büyük çocuk olmuştu.

5 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ Одречност кај придавките кои се користат во прв степен на споредување, покрај стандардната форма на замена на именката со својот антоним (ondan daha güzel > ondan daha çirkin), се образува со партикулaта “az” која се додава по партикулата “daha” (“daha az” форма): ondan daha az güzel, benden daha az çalışkan, Makedonya’dan daha az büyük, и др. Примери: Yüz otuz birin, dokuz yüz ondan daha az ufak sayı olmasıyla vebanın puanını düşüreceklerini sanıyorlar. Yani Paris'ten gönderilen yeni serum ilk serumdan daha az etkili gibiydi… Bizim harikalar yarışması da, sizin okul aile toplantısından daha az eğlenceli geçmedi.

6 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ 3.Втор степен на споредување (ексцесив) – Го интензивира значењето на придавката. Образување: Се образува со додавање на придавките “çok”, “pek”, “çok az”, “pek çok” и други пред основната придавка: çok güzel, çok keskin, çok kötü, çok saçma, pek çalışkan, pek çok, pek güzel, и др. Примери: Sen çok dik kafalısın delikanlı. Aralarında pek büyük bir suç olan bu günahı işlediği için kafası koparılırdı. Arkadaşlarıyla birlikte çok az zamanı kaldığını biliyordu. Hayatında pek çok kahraman gördü.

7 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ Ако, пак, на придавките кои означуваат мало, малку, оскудно и сл. им се додаде наставката за деминутив /-Cİk/, тие добиваат интензивност во негативна насока, односно уште помало, помалку, пооскудно и сл.: genç yaş > gencecik yaş, ince bel > incecik bel, küçük el > küçücük el, minik yavru > minicik yavru, и др. Примери: Küçücük kız tahtaya çıktı. Mehdiye'ye ufacık bir tekneyle yanaştım.

8 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ 4.Суперлативен степен – Семантички реферира на екстремот на именката која ја детерминира. Образување: Се образува со партикулата “en” која се додава пред придавката: en çok, en güzel, en yakın, en ucuz, и др. Примери: Atları da en güzel bir yere koy. Bir saat önce doğunun en ünlü ve süslü odalarından biri olan bu yer şimdi… En tok gözlü sen gözüküyorsun. Kendi içimizde yarattığımız gölgeleri sevmek en doğru yolmuş...

9 СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ Иако можно, одречната форма со партикулата „az“, односно како „en az“, за одречни суперлативи не се користи. Повеќе се преферира употребата на суперлативна придавка со обратно значење: en zengin aile (olumlu en üstünlük derecesi) - en fakir aile (olumsuz en üstünlük derecesi); en güzel kız (olumlu en üstünlük derecesi) - en çirkin kız (olumsuz en üstünlük derecesi); en yüksek enflasyon (olumlu en üstünlük derecesi) - en düşük enflasyon (olumsuz en üstünlük derecesi), и др.

10 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ (ПРОДОЛЖЕНИЕ) 2. Дескриптивни придавки – Овие придавки ги определуваат именките по број, место, определени или неопределени особини, како и преку прашување за нивните особини. За разлика од качествените придавки кои ги изразуваа трајните особини на именките, дескриптивните придавки ги изразуваат минливите особини на именките. Дескриптивните придавки може да се поделат во четири групи: - показни (демонстративни придавки); - бројни придавки; - прашални придавки; - неопределени придавки.

11 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ A.Показни (демонстративни) придавки – Ги определуваат именките со покажување и по место. Најчесто користени показни придавки се следниве: bu, şu, o, böyle, şöyle, öyle, и др. Во оваа група спаѓаат и придавките образувани со релативната наставка /-ki/. Именките кои доаѓаат по овие придавки може да ја добијат наставката за множина: bu öğrenci, şu adam, o kadın, böyle kitap, şöyle düğün, öteki insanlar, и др. Примери: Her tecrübeli balıkçı bu sözümü tasdik eder. Şimdi, şu söğüt dalının altından haykırsam Yunus Emre bana ses verecektir... Öyle zamanlarda Ali, kendisini kaybettiği için, ne yapacağı hiç belli olmuyordu... Öteki adam olmasaydı, daha iyi anlardın.

12 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Понекогаш пред релативната наставка може да се користи и падежната наставка за LOC: Fakat avucumdaki son ekmek kırıntısını da ağzıma atınca ölesiye aç olduğumu hissettim. Kendi gözündeki kredisi düşsün istemiyordur. Yarım saat sonra, mezarlıktaki uzun otların arasındaydılar. Bu yasaları yüz kez daha artırsanız, gelecekteki olaylar arasında öyleleri bulunacaktır ki bizim yaşamdan alıp kitaba koyduğumuz olaylardan hiçbirine benzemeyecek yeni maddeler koymayı gerektirecektir.

13 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Б.Бројни придавки – Овие придавки ги определуваат именките по број, нивните делови, ред и др. За разлика од показните, по бројни придавки, именката не добива наставка за множина. Бројните придавки може да бидат:

14 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ a)Придавки кои изразуваат основни (кардинални) броеви – Стриктно ги определуваат именките по број: iki gece, yedi gün, on iki ay, 52 hafta, iki milyon. Примери: Kırk yaşında mıdır? Amerika'da hergün ortalama 5 milyon kişi yataktadır ve halkın ancak üçte birinin sağlığı yerindedir. Yedi gün sonra dönüp el öpmeğe getirecekler. Üç yüz lira eksik, bakalım ne diyecek?

15 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Иако правилото вели дека по бројни придавки именката не може да добие наставка за множина, сепак, постојат сосема мал број на примери кои не подлежат на ова правило и нив ги третираме како стереотипизирани исклучоци: Beşevler, Kırk Haramîler, Üç Aylar, Yedi Cüceler, и др. Примери: Beşevler'den Maltepe'ye, Anıttepe'den Emek'in içlerine kadar her yer tıklım tıklımdı. "Alaaddin'in Sihirli Lambası", "Sinbad", "Ali Baba ve Kırk Haramiler" masallarını hemen hatırlarız. Bendeniz de içkiye üç ay veda edeceğim için 'Üç Aylar‘ gelmeden biraz içeyim istedim.

16 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Исклучок од ова правило прават и збирните придавки: Üçüz yavruların da Budapeşte'de bir yıl kaldıktan sonra dünyanın farklı hayvanat bahçelerine gönderilmesi planlanıyor. Şimdiyse ikiz kardeşler kadar birbirimize benziyoruz... Кога пред именката се користат и качествени и бројни придавки, тогаш најпрвин се користи бројната придавка, потоа качествената придавка: üç güzel kız, beş desenli entari, iki sarı kutu, и др. Примери: Şu iki güzel kızın resimlerini gördüm... Odada üç esmer bebek ağlıyordu. Yanında beş çirkin erkek vardı.

17 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ б)Придавки кои изразуваат редни (ординални) броеви – Овие придавки го определуваат редот, степенот, важноста на придавката. Образување: Се образуваат со додавање на наставката /-ncİ/ на бројната придавка, која најчесто е основен број: beşinci gün, dördüncü kat, yedinci sınıf, и др. При пишување, наместо оваа наставка, може да се додаде точка, која има иста функција: III. yer, 12. yıldönümü, 20. yüz yıl, и др. Исто така, зборовите „son“, „sonuncu“, „ortanca“ се сметаат како редни броеви: son gün, sonuncu ev, ortanca kişi, и др.

18 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Примери: İkinci çifti eline almıştı ki, Sadri aşağıdan seslendi ağustosunda altıncı kez İstanbul'a gelir... Bu çalışmada bir metnin her satırının yalnızca ilk ve son kelimeleri okunarak bir sonraki satıra geçilir. Sultan Abdülaziz'in tahttan indirilip yerine V. Murat'ın geçirilmesi, üç ay sonra onun yerine II. Abdülhamit'in tahta çıkarılması…

19 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Внимание: По бројната придавка наместо наставката /-ncİ/ може да се користи точка, но не може да се користи и интерпункциски знак и оваа наставка. Примери за погрешна употреба: Karar Defterinin 17'nci sayfasına geçirilmiş olan (ernö nemeçek) adı küçük harflerle yazılmıştı. Derneğimiz üyeleri, tarih kitaplarının 168'nci sayfasının 4'ncü satırındaki Yohan Hünyadi adının yanına, mürekkeple Yohan Boka diye yazmakla yükümlüdür.

20 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ в)Придавки кои изразуваат делбени (партитивни) броеви – Овие придавки реферираат на еднакво поделените делови на именката подеднакво меѓу лицата. Образување: Се образува со наставката /-Ar/, која се додава на бројната придавка: bir+er elma, iki+(ş)er kişi, üç+er kitap, dört+er>dörder milyon, altı+(ş)ar saat, yedi+(ş)er gün, sekiz+er kalem, dokuz+ar yaprak, on+ar dize, yirmi+(ş)er söz, otuz+ar sayfa, altmış+ar resim, yüz+er ağaç, и др. Примери: Hiç olmazsa ikişer gün saklayalım. Kışın sekizer liradan ver kilosunu. Hepimize üçer simit var.

21 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Делбени броеви може да се добијат и со придавката “yarım”, меѓутоа иако придавката завршува на консонант, пред наставката /-Ar/ се додава спојниот консонант “ş”: İneğe, danaya da attı yarımşar avuç. Веројатно по аналогија на примерот yarı+(ş)ar, овој споен консонант се додава и во yarım+(ş)ar. Koга делбените броеви се повторуваат, но се различни, тогаш тие се придавки, а кога се исти, тогаш се прилози: Üçer dörder kovan vardır her birinde. Yirmişer, otuzar kişilik gruplar haline geliyor.

22 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ г) Придавки кои изразуваат дробни (фракционални) броеви – Овие придавки изразуваат дел од целина, а се однесуваат на именката. Образување: Првиот број што изразува број на делови од целина ја добива наставката /-DA/, а потоа следи вториот број кој изразува колку делови од претходниот број припаѓаат на именката: üçte iki şans, dörtte bir un, yüzde yüz katılım, и др. Примери: Oyunda üçte iki şansın var. Dörtte bir maaş, masrafları kapatmaz. Bu faizler, altıda bir kazanç sağlıyor.

23 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Тука спаѓаат и оние придавки кои по форма навидум не изгледаат како дробни броеви, како на пример „yarı“, „yarım“, „buçuk“, „çeyrek“: yarı gece, beş buçuk dolar, çeyrek final, и др. Примери: Huck, orada burada sabahlamaktan, yarı aç gezmekten kurtulmuştu. Köyün yarım akıllı, sersem bir kızını da almış yanına. Yarısını masrafa çık, kalır dört buçuk lira. Bachelard ceplerini boş yere karıştırınca Octave çıkarıp çeyrek frank verdi. Tabiat üç çeyrek yüzyıl boyunca hiç durmadan çalışmak zorunda kalmış sanki.

24 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ д)Збирни придавки – Се користат за покажување на деца родени во исто време, при што тука наставката /-z/ изразува множина. Образување: Се образуваат со додавање на наставката /-z/ на бројните придавки. По аналогија на примерот iki+z, оваа наставка продолжила да се користи и со другите бројни придавки: iki+z kardeş, üç+(ü)z bebek, dört+(ü)z > dördüz kardeş, beş+(i)z çocuk, и др. По збирните придавки, како исклучок од правилото, именката може да ја добие наставката за множина: ikiz kardeşler, üçüz kardeşler, и др.

25 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ Примери: Onun da ikiz kardeşi gibi delinin biri olduğuna inandı. Üçüz leoparları ziyaret edecek insan ikiz, üçüz ve kardeşlerden 31 Aralık'a kadar ücret alınmayacak. Sezaryenle ikisi kız, ikisi erkek dördüz çocuk dünyaya getirdi. Честопати именката отпаѓа и збирната придавка се користи како стереотипизирана именка.

26 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИДАВКИТЕ ѓ)Придавки кои изразуваат приближна бројност – Понекогаш говорителот не е сигурен во бројката, па ги користи овие придавки кои изразуваат рамковно варирање на бројот меѓу оние искажаните со самата придавка: bir iki gün, beş altı kişi, yedi sekiz gün, sayfa, kilometre, и др. Примери: Mutfak masasının üstüne de bir iki satır not yazıp bıraktım. Bir kez, hasta iki üç hafta yataktan kalkamıyordu. Adada bir arkadaşımın düğününe davetliyim, üç dört gün gelmeyeceğim diye annesinden izin almış...

27 ЗА ДЕНЕС ТОЛКУ.


"СТЕПЕНИ НА СПОРЕДУВАЊЕ КАЈ ПРИДАВКИТЕ и ДЕСКРИПТИВНИ ПРИДАВКИ." indir ppt

Benzer bir sunumlar


Google Reklamları